| четврток, 6 декември 2018 |

Колоски: Има алтернатива за разговорите во ОН

Вре­ме е Гр­ци­ја да се со­о­чи со суд­би­на­та и со ре­ал­но­ста – де­ка ма­ке­дон­ски­от на­род, ја­зик, иден­ти­тет и сло­бод­на су­ве­ре­на и не­за­вис­на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја по­сто­јат и ќе по­сто­јат, без раз­ли­ка на тоа што Гр­ци­ја или грч­ки­от на­род мис­ли или са­ка

Ме­то Ко­ло­ски е еден од најм­ла­ди­те ли­де­ри на ма­ке­дон­ска­та ди­јас­по­ра во све­тот. Во пос­лед­ни­те десет го­ди­ни со сво­и­те со­ра­бот­ни­ци во САД, но и на дру­ги­те кон­ти­нен­ти, ус­пеа од ОМД да соз­да­де мо­дер­на ор­га­ни­за­ци­ја, ко­ја ус­пеш­но пли­ва во сло­же­ни­те гло­бал­ни сфе­ри на ин­те­ре­си и тоа од глав­ни­от град на су­пер­си­ла­та. Ко­ло­ски и лу­ѓе­то што ја во­дат ОМД пра­ват мно­гу ком­про­ми­си во обид да до­би­јат под­др­жу­ва­чи во Се­на­тот, прет­став­нич­ки­от дом и Стејт де­парт­мен­тот, но иск­лу­чу­ва­ат ком­про­мис за ед­но пра­ша­ње – про­ме­на на име­то.

 

На кон­ти­нен­тот, по­точ­но во др­жа­ва­та ка­де што пре­сто­ју­ва­те Вие и ор­га­ни­за­ци­ја­та што ја во­ди­те, се од­ви­ва­ат пре­го­во­ри­те за име­то. Што зна­чи за Вас ре­ше­ние за име­то? Кол­ку евен­ту­ал­но ре­ше­ние би ја по­до­бри­ло со­стој­ба­та на Ма­ке­дон­ци­те во Аме­ри­ка?
КО­ЛО­СКИ: За Ма­ке­дон­ци­те во САД не по­стои дру­го име освен Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и ка­кво и да би­ло дру­го „ре­ше­ние за име­то“ е не­при­фат­ли­во. Проб­ле­мот што ѝ го на­мет­на Гр­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја и на ма­ке­дон­ски­от на­род е неј­зин проб­лем за кој таа тре­ба да си нај­де ре­ше­ние за се­бе. До­кол­ку сме ние во пра­ша­ње, име­то на на­ша­та та­тко­ви­на е Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и та­ка мо­ра и да оста­не, до­кол­ку Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја са­ка под­др­шка од ма­ке­дон­ска­та за­ед­ни­ца во САД или од ко­ја би­ло дру­га др­жа­ва над­вор од Ма­ке­до­ни­ја во ко­ја жи­ве­ат Ма­ке­дон­ци. ОМД и ма­ке­дон­ска­та за­ед­ни­ца во САД се актив­но вклу­че­ни во еду­ци­ра­ње на аме­ри­кан­ски­те др­жав­ни ор­га­ни, ин­сти­ту­ции и нев­ла­ди­ни ин­сти­ту­ции. Еден од на­ши­те аду­ти е тоа што пра­во­то на са­мо­и­ден­ти­фи­ку­ва­ње е ед­но од ос­нов­ни­те чо­ве­ко­ви пра­ва со кое САД се гор­де­ат, па та­ка што при­ти­со­ци­те од Гр­ци­ја за при­сил­но ме­ну­ва­ње на име­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е не­при­фат­ли­во за аме­ри­кан­ски­те по­ли­ти­ча­ри до­кол­ку тие би­дат по­втор­но за­поз­на­е­ни и еду­ци­ра­ни од на­ша стра­на за проб­ле­мот што го има Гр­ци­ја со на­ше­то име.

 

По­стои ли ком­про­мис за име­то што Вие би го под­др­жа­ле со ог­лед на тоа што за Гр­ци­ја ком­про­ми­сот е не­што што за нас е ап­со­лут­но не­при­фат­ли­во?
КО­ЛО­СКИ: Ма­ке­до­ни­ја на­пра­ви прем­но­гу ком­про­ми­си во ми­на­то­то, при­фа­ти не­при­фат­ли­во име за ко­ри­сте­ње во Обе­ди­не­ти­те на­ции и во дру­ги ме­ѓу­на­род­ни ин­сти­ту­ции, го сме­ни Уста­вот, го сме­ни зна­ме­то, кое е на­ше нас­ледс­тво, што, на не­кој на­чин, ги охра­бри Гр­ци­те и им да­де зе­ле­но свет­ло да про­дол­жат да го пра­ват тоа што го поч­наа ко­га Ма­ке­до­ни­ја прог­ла­си не­за­вис­ност. Вре­ме е Гр­ци­ја да се со­о­чи со суд­би­на­та и со ре­ал­но­ста – де­ка ма­ке­дон­ски­от на­род, ја­зик, иден­ти­тет и сло­бод­на су­ве­ре­на и не­за­вис­на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја по­сто­јат и ќе по­сто­јат, без раз­ли­ка на тоа што Гр­ци­ја или грч­ки­от на­род мис­ли или са­ка.

 

Ка­ков е Ва­ши­от став за пре­кин на пре­го­во­ри­те за име­то во рам­ки на ОН ако се знае де­ка пре­ки­нот на пре­го­во­ри­те од САД и од ЕУ ќе би­де оце­нет ка­ко обид на Ма­ке­до­ни­ја да го ур­не про­це­сот на ба­ра­ње ре­ше­ние?
КО­ЛО­СКИ: Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја на­пра­ви го­ле­ма гре­шка со тоа што не се пов­ле­че од пре­го­во­ри­те во ОН по са­ми­тот на НА­ТО во 2008 го­ди­на, ко­га членс­тво­то на РМ во НА­ТО бе­ше очиг­лед­но и јас­но бло­ки­ра­но од стра­на на Гр­ци­ја. Уште по­ин­те­рес­но е што ни тре­ба­ше од­лу­ка на Ме­ѓу­на­род­ни­от суд за прав­да за да му до­ка­же­ме на све­тот де­ка сме во пра­во, но таа од­лу­ка, се­пак, не на­пра­ви ни­што за да ни по­мог­не со бло­ка­да­та за влез во НА­ТО што ни ја на­пра­ви Гр­ци­ја. Ни­кој не за­ста­на на на­ша стра­на да ка­же де­ка Ма­ке­до­ни­ја е во пра­во, а Гр­ци­ја по­гре­ши, и ка­ко ре­зул­тат на пре­су­да­та се­га Гр­ци­ја мо­ра да доз­во­ли да вле­зе­ме во НА­ТО. Се­гаш­на­та по­зи­ци­ја на Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја не е баш јас­на, ме­ѓу­тоа ОМД ба­ра вла­да­та да ги пре­ки­не овие пре­го­во­ри и да ба­ра од Со­ве­тот за без­бед­ност на ОН да изг­ла­са но­ва ре­зо­лу­ци­ја во ко­ја Ма­ке­до­ни­ја по­на­та­му ќе би­де нас­ло­ве­на ка­ко Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, а не ПЈРМ. На Ма­ке­до­ни­ја мо­ра да ѝ би­дат при­о­ри­тет вна­треш­ни­те ре­фор­ми – ка­ко судс­тво­то, чо­ве­ко­ви­те пра­ва, еко­но­ми­ја­та. НА­ТО и ЕУ, исто та­ка, тре­ба да ѝ би­дат при­о­ри­тет на др­жа­ва­та, ме­ѓу­тоа са­мо то­гаш ко­га НА­ТО и ЕУ ќе би­дат под­го­тве­ни да ја при­мат Ма­ке­до­ни­ја во сво­и­те ре­до­ви, а не да се мо­ли­ме и да би­де­ме уце­ну­ва­ни од стра­на на тие ор­га­ни­за­ции да си го сме­ни­ме име­то и да го про­ме­ни­ме на­ши­от иден­ти­тет. Вла­да­та на РМ не тре­ба да доз­во­ли Гр­ци­ја, НА­ТО или ЕУ да ко­ри­стат што би­ло ка­ко ар­гу­мент про­тив Ма­ке­до­ни­ја за влез во НА­ТО или во ЕУ освен име­то, та­ка што бит­но е вна­треш­на­та до­маш­на за­да­ча да би­де за­вр­ше­на.

 

Meto-Koloski-int118-2

 

Ка­кви се шан­си­те пра­ша­ње­то за име­то да се пре­фр­ли во Со­ве­тот за без­бед­ност и во Ге­не­рал­но­то со­бра­ние на ОН и та­му да го вра­ти­ме устав­но­то име?
КО­ЛО­СКИ: Ако Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја до­не­се од­лу­ка да ги пре­ки­не или за­мрз­не пре­го­во­ри­те, ОМД ќе за­ста­не зад таа од­лу­ка и ќе по­мог­не актив­но да се ло­би­ра кај Со­ве­тот за без­бед­ност и кај Ге­не­рал­но­то со­бра­ние на ОН. Но да не би­де­ме пре­ам­би­ци­оз­ни од­на­пред, ова од­лу­ка ќе ба­ра це­лос­на под­го­тве­ност од Ми­ни­стерс­тво за над­во­реш­ни ра­бо­ти, се­кој ам­ба­са­дор, се­кој дип­ло­мат, се­кој оби­чен ло­ка­лен служ­бе­ник да би­де вклу­чен во ра­бо­та­та. Се раз­би­ра, ќе ба­ра и го­ле­ма ко­ор­ди­на­ци­ја со Ма­ке­дон­ци­те во ди­јас­по­ра­та и со нив­ни­те ор­га­ни­за­ции. МНР ќе мо­ра да вра­бо­ти и аген­ци­ја за од­но­си со јав­но­ста на свет­ско ни­во, со до­ка­жа­ни ус­пе­си, за да го сме­ни ими­џот на Ма­ке­до­ни­ја од зем­ја што очај­но се вра­ќа во ан­тич­ка­та исто­ри­ја за да до­ка­же не­што, до зем­ја и на­род што стра­да­ат од Гр­ци­ја и од од­лу­ки­те на Гр­ци­ја, што не ги ужи­ва­ат ос­нов­ни­те чо­ве­ко­ви пра­ва, и зем­ја што актив­но ра­бо­ти да би­де свет­ли­на на Бал­ка­нот во се­кој пог­лед. Отка­ко вла­да­та ќе ја до­не­се оваа од­лу­ка, ОМД ќе поч­не ма­ра­тон­ско ло­би­ра­ње низ цел свет за да ја бра­ни и оправ­ду­ва таа од­лу­ка пред си­те др­жав­ни и свет­ски ин­сти­ту­ции.

 

Пра­ви ли до­вол­но ма­ке­дон­ска­та ди­јас­по­ра за ма­тич­на­та зем­ја? Има ли во­оп­што ка­па­ци­тет да ѝ по­мог­не на зем­ја­та, ка­ко што пра­ват дру­ги­те сил­ни ди­јас­по­ри?
КО­ЛО­СКИ: Ди­јас­по­ра­та пра­ќа 1,5-1,8 ми­ли­јар­да евра го­диш­но во Ма­ке­до­ни­ја, тоа е 18-20 про­цен­ти од до­маш­но­то бру­то-про­из­водс­тво на РМ. Зар тоа не е до­вол­но? Ко­ја дру­га ди­јас­по­ра пра­ви по­ве­ќе или има по­го­лем при­до­нес? Бла­го­да­ре­ние на ди­јас­по­ра­та и на еко­ном­ска­та по­ли­ти­ка на РМ, РМ не е мо­мент­но во еко­ном­ска кри­за. Ди­јас­по­ра­та е нај­го­ле­ми­от ам­ба­са­дор на РМ во странс­тво и, да би­де­ме ре­ал­ни, во го­лем дел ја вр­ши или по­ма­га ра­бо­та­та на дип­ло­ма­ти­ја­та на РМ. Ка­ко ма­ла др­жа­ва, РМ за­ви­си од актив­на, про­фе­си­о­нал­на, ефе­ктив­на и вли­ја­тел­на ди­јас­по­ра. Да не бе­ше ОМД, Ма­ке­до­ни­ја не­ма­ше да ја ви­ди таа под­др­шка што ја има од Кон­гре­сот на САД или од Вла­да­та на Ка­на­да за приз­на­ва­ње на име­то, или дру­ги ус­пе­си во ми­на­то­то. Се­пак, ди­јас­по­ра­та мо­же по­ве­ќе. Ве­ру­вам де­ка со здо­би­ва­ње по­го­ле­ма до­вер­ба од стра­на на ди­јас­по­ра­та во ин­сти­ту­ци­и­те на РМ, осо­бе­но во судс­тво­то, таа ќе пра­ви уште по­ве­ќе за да по­мог­не.

 

Поч­ну­ва­ат под­го­то­вки за след­ни­те пре­тсе­да­тел­ски из­бо­ри. Оста­ну­ва­ат ли ре­пуб­ли­кан­ци­те ка­ко гла­вен по­са­ку­ван парт­нер за Ма­ке­до­ни­ја во на­деж де­ка мо­жат да по­мог­нат за име­то или, се­пак, се ра­бо­ти на по­ве­ќе по­ли­ња?
КО­ЛО­СКИ: Те­шко е да се ка­же де­ка ако ре­пуб­ли­кан­ци­те дој­дат на власт сѐ ќе им би­де сјај­но на Ма­ке­до­ни­ја и на ре­ги­о­нот. По­ли­ти­ка­та на САД не се ме­ну­ва тол­ку со про­ме­на на власт од ед­на до дру­га пар­ти­ја. По­мо­шта, мо­же­би, ќе би­де по­го­ле­ма, но, се­пак, ќе има­ме мно­гу ра­бо­та без раз­ли­ка кој е на власт во САД. Ре­пуб­ли­кан­ци­те, кои беа на власт до 2008 го­ди­на, не­ма да би­дат исти­те што ќе би­дат во 2017 го­ди­на, до­кол­ку до­би­јат на из­бо­ри­те. Има мно­гу мла­ди ка­дри што зна­ат мно­гу мал­ку за си­ту­а­ци­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја и ќе мо­ра мно­гу да ги еду­ци­ра­ме.

 

Мо­же ли да ка­же­ме де­ка пер­и­о­дот на Ба­рак Оба­ма е за­гу­бен пер­и­од за Ма­ке­до­ни­ја во од­нос на спо­рот со Гр­ци­ја и вле­зот во НА­ТО и во ЕУ?
КО­ЛО­СКИ: Жа­ли­ме што не е јас­на и очиг­лед­на под­др­шка­та на САД за Ма­ке­до­ни­ја за вре­ме на ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Ба­рак Оба­ма, но, де­фи­ни­тив­но, не е сѐ за­гу­бе­но. Сѐ уште има вре­ме, има­ме две го­ди­ни пред да за­ми­не Оба­ма од пре­тсе­да­тел­ска­та фо­тел­ја. РМ има нов ам­ба­са­дор во Ва­шин­гтон, кој, ве­ру­ва­ме, до­кол­ку Вла­да­та на РМ и МНР му да­дат це­лос­на еки­пи­ра­на и фи­нан­си­ра­на ам­ба­са­да, ќе ја вра­ти сил­на­та под­др­шка на САД за членс­тво­то на Ма­ке­до­ни­ја во НА­ТО. Се на­де­ва­ме де­ка ви­сок прет­став­ник на САД ќе до­па­ту­ваа во Ма­ке­до­ни­ја за да ја иска­же таа под­др­шка. Но, де­фи­ни­тив­но, ако доз­во­ли­ме ста­тус кво, не­ма да ус­пе­е­ме. Има ед­на ма­ке­дон­ска по­го­вор­ка „ај­де, ќе би­де по­до­бро“. Не мо­же­ме да ја че­ка­ме 2017 го­ди­на, вре­ме­то е се­га, мо­ра­ме да би­де­ме про­а­ктив­ни. За­ед­но, обе­ди­не­ти, мо­же­ме и ќе ус­пе­е­ме.

 

Разговараше: Го­ран Мо­ми­ро­ски
Фото: Приватна архива
(Интервјуто со Мето Колоски е објавено во 118. број на неделникот Република, 5.12.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top