Покрај својата мајка, С.Г силувал и дваесетгодишна девојка од Нови Сад, а како причина навел дека „е многу грд“ и дека силувањето му е единствен начин да има секс.
С.Г. (37) од Нови Сад е уапсен под сомнение дека ја силувал В.Ј. (20), исто така ,од Нови Сад.
Пред осум години тој ја силувал и сопствената мајка и поради тоа одлежал осум години затвор, а излегол пред четири месеци. Новото силување се одиграло во неделата во центарот на Нови Сад. Девојката работела во еден угостителски објект.
„Таа вечер, меѓу другите гости беше и С.Г. Кога се затвори локалот, почекал да излезе од објектот и веднаш ја нападнал. Несреќната девојка се бранела, но не успеала. Го опишала напаѓачот како ќелав, без заби, и 40 години стар“, раскажал извор од истрагата.
Полицијата брзо го идентификувала С.Г. и го уапсила, а веднаш потоа е префрлен во новосадската полиција. Тој ладнокрвно признал дека ја силувал девојката, не покажувајќи ни грам каење.
„Тоа ми е единствен начин да дојдам до некоја девојка, со оглед на тоа дека ниту една не ме сака, затоа што сум грд. Морав да имам сексуален однос со некоја девојка, неодамна излегов од затвор“, изјавил С.Г.
С.Г. и претходно одговарал поради силување и кражби. Тој зад себе има повеќегодишно затворско искуство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.