Полскиот министер за одбрана Томаш Шемоњак изјавил дека е загрижен поради активностите на руската војска над Балтичко Море во последните неколку дена.
– Веќе некое време се забележани „невидени“ активности на Русите, на балтичката флота и воздухопловството и на подрачјето на Калининград. Тоа нас нѐ загрижува. НАТО подготвува одговор на тоа – изјавил министерот.
Оваа година се забележани 400 руски авиони во близина на земјите од НАТО или 50 отсто повеќе од минатата година, изјави во ноември генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Литванија на 8 декември го зајакна степенот на приправност на своите сили бидејќи во Балтичко Море открила група од 22 руски воени бродови, меѓу кои и корвета со тешко оружје, на само пет километри од своите територијални води.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.