Џејмс Харден блескаше против Сакраменто кингс и со 44 поени го предводеше тимот на Хјустон до нова победа. Харден беше незадржлив и забележи и 8 асистенции, што е извонреден ефект. „Ракетите“ славеа по едно продолжение со 113-109.
Во вториот меч ноќеска Оклахома го победи Кливленд со 103-94 на домашен терен. Расел Вестбрук беше најефикасен со 26 поени, а забележа и 8 асистенции и 7 скока. Гостите играа без главната ѕвезда Леброн Џејмс, кошаркар што беше поштеден од настап за да се одмори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.