| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозивно сведочење на инсајдер: Како јас и Американците ја создадовме Исламската држава

Британскиот „Гардијан“ објави ексклузивна приказна на џихадост под псевдонимот Абу Ахмед кој на новинарот Мартин Чулов му откри досега непознати детали за почетоците на терористичкото здружение ИСИС кое  според неговите тврдења настанало во злогласниот американски затвор во Ирак.

Абу Ахмед раскажал дека американските војници го префрлиле во затворот Камп Буца на југот на Ирак во летото 2004 година. Гласините за грозотиите кои се случуваат во таа пустинска тврдина тогаш по управа на мариканската војска се ширеа на Блискиот исток како шумски пожар. Веднаш по доаѓањето чуварите го препратиле низ лавиринтот од ходникот и отворениот двор заграден со затворските ѕидини. Таму здогледал мажи во затворски комбинизони како го фиксираат со поглед. Веднаш препознал неколкумина.

Се сетил колку стравувал од затворските денови кои требало овде да ги помине, но како што тврди, неговиот престој во затворот бил далеку попријатен отколку што очекувал.

Абу Ахмед бил затворен во злогласниот затвор Камп Буца пред едно десетлетие, а сега е еден од неколкумината водачи на Исламската држава. Се бори рамо до рамо со радикалните исламисти кои заедно со него ги поминувале деновите зад решетки. Како него, и остатокот од сегашните џихадиски биле фатени од американските војници и затворени во кампови кои во тоа време никнувале како печурки во Ирак.

По доаѓањето во затвор сите го предупредиле дека тоа е многу страшно место, но чекор по чекор, сите сфатиле тека таа установа е под американска контрола и тоа за нив било неверојатна можност. Ахмед тврди дека никогаш вака заедно не би се собрале било каде на друго место освен во тој затвор. Тоа, како што вели би било неверојатно опасно. Таму, не само што биле сигурни, туку, туку биле на само неколку стотина метри од целото раководство на Ал-Каеда.

Токму во овој затвор Абу Ахмед се запознава со Аби Бакар ал Багдади, денешниот калиф на самопрогласената Исламска држава, кого Американците го сметаат за најопасен терорист на светот во овој момент.

По речиси две години преговарање Абу Ахмед конечно се согласил да проговори за самата срж на терористичката организација која во меѓувреме теророт и стравот ги пресели во Сирија.

Со тек на годините тој сфаќа дека не е се во насилството, и сега, вели, дека сфаќа дека Куранот мора да се интерпретира, а не да се сфаќа буквално. неговите внатрешни превирања околу иднината на Исламската држава и теророт што таа го шири по Блискиот исток го натера во серија долги разговори на новинарот Чулов да му ги открие сите детали за мистичниот водач ал-Багдади и раѓањето на презривата терористичка кеќија во внатрепноста на вистинската затворска келија во Ирак.

Сеќавајќи се на тие денови, тој тврди дека ал-Багдади како затвореник бил повлечен и не доаѓал претерано во контакт со останатите затвореници. Но, американските чувари гледаа во него нешто друго и имаа поинакви планови. Сметаа дека неговиот благ карактер и смирувачко дејство ќе влијаат на смирувањето на судирите меѓу затворениците.

Сепак, како што тврди Абу-Ахмед, сето тоа било дел од планот на ал-Багдади. Секогаш сметал дека тој крие нешто, сокрива некаква темнина која не сака да им ја открие на другите луѓе.

Исто така, ал-Багдади знаел како да ја стекне довербата на американските војници. Како што се сеќава Ахмед, како што поминувало времето ал-Багдади се почесто се наоѓал во жариштето на секој проблем што ќе се појавел во затворот. Тој тврди дека Багдади сакал да биде затворски лидер, а се служел со методите раздели, па владеј, а сето тоа за да си обезбеди себе си статус, а тоа било токму тоа што сакал.

Американците го почитувале ал-Багдади. Ако сакал да посети некого во другиот камп чуварите му дозволувале, додека останатите затвореници немале такви привилегии. Го пуштиле од затвор во 2004 година, сметајќи дека не претставува никаква закана. Денеска, кога Американците сфаќаат дека идниот водач на Исламската држава го имале во раце, веројатно си ја чукаат главата. неговото искачување се случи многу одамна пред нивните очи. Како што вели Ахмед, да не беа американските затвори во Ирак, немаше да постои Исламската држава,

-Буца беше фабрика и сите не создаде. Ја создаде нашата идеологија, вели Абу Ахмед.

Како што вели самиот, животот со ИСИС значи моќ, пари, жени и статус, сите атрактивни мамки за младите бунтовници желни за борба. Тврди дека стотина борци на Исламската држава, како него, веруваат дека џихадистичкото движење отиде предалеку во своите радикални убедувања и дека сосема се одвои од своите вистински корени.

– Најголема грешка во животот ми беше што им се придружив. Не дека не верувам во џихад, верувам. Но, каков ми е изборот? Ако си заминам, мртов сум. И не само јас, туку и целото мое семејство, заклучи Абу Ахмед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top