| четврток, 6 декември 2018 |

Пике дојде на натпревар облечен како од аудиција на „Игра на тронови“ (видео)

Играчите на „Барселона“ честопати знаат да претераат со своите егзибиции особено Неимар и Алвеш. Но, Бразилците во дресот на Каталонците се „мали деца“ во споредба со Жерар Пике. Вчера тој го подигна нивото на егзибиции до тој степен што тешко дека некој ќе го помине.

Имено, камерите во пресрет на натпреварот меѓу Барселона и ПСЖ го фатија Пике како влегува на „Ноу Камп“ облечен во нешто што изгледа како витешки костум. Не е тешко да се заклучи дека во рок од неколку минути стана предмет на смеа низ цела Шпанија, само прашање е што рекла на сето тоа Шакира….

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top