Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) демантира дека Факултетот го отфрлил предлогот на Министерството за образование за воведување државен испит во високото образование.
-ФИНКИ сѐ уште нема одржано седница на деканската управа на која ќе биде расправано по однос на предлогот за воведување на државен испит, па оттаму изнесениот став во дел од медиумите не може да биде и не е официјален став на Факултетот. Апелираме од воздржување за изнесување на поеинечни ставови и нивно претставување како официјален став на целиот колектив на Факултетот – стои во соопштението испратено од ФИНКИ.
Ваквата реакција доажа откако дел од медиумите одјавија дека некои институтите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска одржале интерни состаноци на кои што едногласно го отфрлиле предлогот за државен испит во високото образование, но конечната одлука ќе се знае в понеделник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.