Израелските и палестинските патолози што извршиле обдукција на телото на палестинскиот министер дошле до контрадикторни заклучоци.
Палестинскиот лекар изјави дека Зиад Абу Аин починал од удар во телото, додека израелскиот лекар изјави дека причина за смртта на 55-годишниот министер е блокада на коронарната артерија.
Абу Аин почина вчера по судири на Западниот Брег меѓу палестинските демонстранти и израелската погранична полиција. Еден израелски офицер во тој момент го фатил за врат. Војниците, исто така, употребиле солзавец за да ги растераат демонстрантите.
Палестинскиот министер за цивилни работи, Хусеин ал Шеик, го обвини изутрината Израел дека е одговорен за смртта на министерот, кој почина вчера откако беше турнат и фатен за врат од еден израелски пограничен полицаец за време на протестниот марш на Западниот Брег.
Тој истакна дека обдукцијата покажала оти палестинскиот министер починал од удар и вдишување солзавец. Шеик додаде дека за смртта придонел и фактот што жртвата доцна била префрлена во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.