Со концерти во нивното студио, „Радио Слободна Македонија“ денеска го прославува првиот роденден. Кристина Арнаудова, Игор Џамбазов, „Нокаут“, беа дел од тие што во живо пееа свои познати хитови.
– На денешен ден (11 декември) пред точно една година, во радискиот етер почна да зрачи сигналот на „Радио Слободна Македонија“ – единственото радио во боја на овие простори. Сега, кога ги надминавме „детските болести“, повозрасни и поискусни за 365 дена, знаеме дека вредеше да се бориме за секој нов слушател, за секоја нова информација која сакавме да ви ја пренесеме, за секоја нова песна, која сакавме да ја слушнете, промовирајќи ги на тој начин и вредностите на нашата единствена Татковина – Република Македонија. На сите нас, кои ја создаваме програмата, и сите вас, кои нѐ следите во земјава, и во странство, преку радиоприемниците или преку глобалната мрежа, да ни е честит роденденот, со желба за уште многу вакви прослави. Нашата среќа е уште поголема кога знаеме дека нѐ слушате и дека нашата мисија – да ве информираме со најактуелните информации и да ја промовираме прекрасната македонска музика – и вам ви се допаѓа. Дека на сите заедно, едноставно, ни се случува нешто убаво – велат од радиото.
Среќен роденден, колеги!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.