| четврток, 6 декември 2018 |

Загина работник при пад од седумметарско скеле

Во тетовската клиничка болница вчера бил донесен 60-годишниот М.Б. од Брвеница со сериозни повреди што ги добил од паѓање од објект во изградба.
Повредениот по укажаната лекарска помош, итно е префрлен на скопските клиники поради сериозните повреди, но М.Б. подоцна им подлегнал на повредите.
– Работејќи на објектот, односно обидувајќи се со рачна макара да подигне пакети со керамички плочки, му се откачила макарата, загубил рамнотежа и паднал од височина од седум-осум метри. Од паѓањето, се повредил на главата, по што со возило бил пренесен во тетовската болница – информираат од полицијата.
Извршен е увид со учество на јавен обвинител, трудов инспектор и екипа на СВР Тетово.Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top