Екстремистите на ИД фрлиле човек од покрив на зграда бидејќи се декларирал како хомосексуалец.
Пред тоа каменувале 20-годишно момче бидејќи во неговиот телефон биле пронајдени фотографии од него со друго момче.
Имено, ова е пресуда која ја донел судот на Исламската држава и со неа се наредува човекот кој „практикува содомија“ и кој е хомосексуално определен да се фрли од највисоката зграда во градот или да се каменува. Група од 8 џихадисти се качила на врвот на зградата некаде во северен Ирак и го фрлила мажот од покривот, пренесуваат странските медиуми.
Ова е трет пат во последниот месец, припадниците на Исламската држава да извршат такво злосторство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто




