| четврток, 6 декември 2018 |

Фидел Кастро доби кинеска награда за мир

Fidel-Castro

Група кинески интелектуалци му доделија награда за мир на Фидел Кастро, која е алтернатива на престижната Нобелова награда, поздравувајќи ги напорите на поранешниот кубански претседател во „решавање на меѓународните кризи“.

– Кога Кастро беше на власт, тој не посегнуваше по сила и насилство да ги реши кризите и судирите во меѓународните односи, посебно со САД. Таткото на кубанската револуција откако отишол во пензија во 2008 година, се среќава со лидерите и меѓународни организации, а се зазеде за уништување на нуклеарното оружје – изјави Лиу Зигин, еден од организаторите на наградата за мир „Конфуциј“.

За време на студената војна Кастро поддржувал различни марксистички режими и револуционерни движења во Африка и во Латинска Америка, дури и дека праќал трупи да се борат во земјите како што се Англоа, Намибија, Етиопија и Мозамбик.

Кастро го повикал СССР да постави на Куба нуклеарни ракети свртени кон САД, доведувајќи ги двата блока на раб на атомска војна во 1962 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top