| четврток, 6 декември 2018 |

Мандолинскиот оркестар на МКЦ гостуваше во Прага

mandolinski
Мандолинскиот оркестар на Младинскиот културен центар (МКЦ) од Скопје, под диригентската палка на Ванчо Јовчев, со успех учествуваше на Меѓународниот фестивал за хорови и оркестри што од петти до осми декември се одржа во Прага, Република Чешка.
Оркестарот настапи во престижната катедрала „Сент Салвадор“ и се претстави со дела од Шуберт, Родриго, Вилијамс, a особено инспирирани аплаузи добиле со изведбата на делата од македонските композитори, Цанев, Шуплевски, Тошевски, Трајковски.
– Посебен куриозитет беа композициите во чија блескава изведба како солист учествуваше нашиот млад и веќе докажан виртуоз на виолина Ева Богоевска – велат од МКЦ.
На шестото издание на фестивалот, што има ревијален карактер, годинава учествуваа ансамбли и хорови, од Турција, Латвија, Германија, Литванија, Словенија, Италија и Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top