Американското Министерството за правда спровело истрага за инцидентите што се случувале по нападите врз САД на 11 септември 2001 година и донело заклучок дека агентите на ЦИА не извршиле кривично дело во однос на мачењето затвореници.
Американскиот претседател, Барак, Обама, се согласува со заклучокот на Министерството да не се процесуираат агентите кои се вмешани во инцидентите со техниките на испитување на затворениците, изјавил портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.
– Претседателот верува во американскиот правосуден систем и во начинот на кој овој систем реагираше во врска со оваа ситуација, за истрагата за методите на агентите на ЦИА – истакнал Ернест.
Комисијата за информативни прашања на американскиот Сенат објави т.н. извештај за измачувања од страна на ЦИА во кој детално се опишуваат техниките на испитување кои ги применувале агентите врз затвореници по нападите на САД во 2001 година.
Погледнете го видеото:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Затворениците во „Идризово“ предизвикале пожар и поплава за да не им ги земат телефоните
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
Тилерсон доби отказ бидејќи Трамп го нарекол „морон“? Трамп го избегна одговорот…(видео)
-
Затвореници во Идризово се степале за името Република Македонија


