| четврток, 6 декември 2018 |

Исламска држава објавила одвратни совети за милитантите!

zeni od irak

Исламска држава објавила одвратен памфлет со инструкции за нивните следбеници, како да фатат, задржат и сексуално да ги злоупотребуваат робинките. Памфлетот содржи одвратни прашања и одговори за грабнување и покорување на личности со други уверувања. Иако официјално не може да се потврди, се верува дека памфлетот е објавен на 3 декември.

Следбениците на ИСИС имаат грабнато повеќе од 2.500 жени, припадници на Јазиди. Пријавено е исчезнување на најмалку 4.600 жени. Кон нив се однесуваат како кон стока, а памфлетот во детали опишува каков третман треба да се има кон нив.

Пишува дека е дозволено земање немуслимански робови. Едно од најшокантните правила е дека е дозволиво силување на робинките веднаш откако ќе бидат заробени, исто како и дека е дозволено да се има односи со робинки кои сѐ уште не се влезени во пубертет, доколку тоа биде во форма на секс. Не е објаснето што, всушност, значи тоа, пишува „Индипендент“.

Ова се некои од шокантните прашања и одговори:

Дали е дозволено секс со робинка, непосредно по заробувањето?

„Ако е таа девица, тој (нејзиниот господар) може да има сексуален однос со неа, веднаш штом ќе ја грабне. Меѓутоа, ако не е девица, нејзината матка прво мора да се прочисти“.

Дали е дозволено продавање на жените кои ги поседуваат?

„Дозволено е да се купува, продава или да се подарува заробеничка затоа што тие се сопственост со која може да се располага, сѐ додека тоа не предизвикува штета“.

Доколку заробената жена биде оплодена од нејзиниот сопственик, може ли тогаш да ја продава?

„Не може да ја продаде ако стане мајка на дете“.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top