Скандалозниот пејач Крис Браун не се двоумел во етерот на радио „Пауер 106“, да им соопшти на своите обожавателки дека е слободен.
– Колку слободни жени имаме вечерва? „Па јас сум слободен. Збогум на таа кучка!“ – изјави пред водителот Браун.
Откако Браун, конечно, ги прекина односите со Ријана, тој почна да излегува со моделката Каруче Тран. Иако пејачот изгледаше многу среќен со сексапилната Каруче, се покажа дека двојката има многу нерешени проблеми, кои станаа јавни благодарение на рап-ѕвездата.
Пред неколку дена Браун не само што јавно ја навреди Каруче, но и ја обвини дека го изневерувала со Дрејк. Во својот профил на „Инстаграм“, раперот сподели со своите фанови дека за четирите месеци, додека бил во затвор, Каруче нашла време да го посети само еднаш, но истовремено организирала забави, тајно патувала до Торонто и се среќавала со Дрејк.
Подоцна Крис Браун реши да го избрише сето ова од социјалната мрежа. Каруче одговори на нападите на својот поранешен со статус на „Твитер“, од кој стана јасно дека таа е таа што ја донела одлуката двајцата да се разделат.
Подоцна, Крис Браун ѝ се извини на Каруче за грубите зборови на нејзина адреса преку својот профил на „Инстаграм“. Во долга порака пејачот изрази жалење за нападите кон поранешната девојка и истакна дека реагира толку бурно бидејќи сè уште е силно вљубен во неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.