Атланта хоукс ја забележи осмата победа во серија откако успешно го апсолвира тестот против најслабата екипа во НБА-лигат,а Филаделфија 76. „Јастребите“ славеа со 95-79 и сега имаат биланс од 15-6, со што се меѓу најуспешните екипи во Источната конференција.
Перо Антиќ одигра нецели 13 минути и постигна 5 поени.
Најдолга серија победи во НБА има Голден стејт вориорс, а ноќеска стигна до бројката 14. Ниту Хјустон рокетс не најде рецепт за Стефон Кари и за соиграчите кои победија со 105-93. Кари и Томпсон, кои освоија злато со САД на СП летоска, против „ракетите“ искомбинираа 41 поен, а најефикасен на мечот беше Џејмс Харден од поразениот состав со 34 поени.
Резултати: Атланта – Филаделфија 95-79, Шарлот – Бостон 96-87, Индијана – ЛА клиперс 96-103, Орландо – Вашингтон 89-91, Чикаго – Бруклин 105-80, Далас – Њу Орлеанс – 112-107, Минесота – Портланд 90-82, Сан Антонио – Њујорк 109-95, Голден стејт – Хјустон 102-93, Денвер – Мајами 102-82.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.