Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез беше задоволен по триумфот на својата екипа над ПСЖ со резултат 3-1 во Лигата на шампиони.
– Мислам дека сме сѐ подобри како екипа. Знаеме дека со тимска игра можеме многу да оствариме, и тоа и го правиме. ПСЖ е одлична екипа. Мислам дека игравме добро и во второто полувреме, но бевме оtпуштени и го контролиравме натпреварот – изјави Суарез, кој го постигна третиот гол, а негов прв на „Ноу камп“.
– Во осминафиналето вториот натпревар го играме дома, тоа ни дава мир, но кога играте во Барселона, секогаш се оди на победа – истакна Суарез.
Жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони е закажана за в понеделник во Нион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.