Руско-турскиот гасовод ќе се вика „Турски тек“, ова го соопшти турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прецизирајќи дека името било предложено од Путин. Проектот беше претставен на заедничката прес-конференција на 1 декември, за време на посетата на Путин на Анкара.
– На предлог на претседателот Путин, одлучивме дека новиот „Јужен тек“ може да се вика „Турски тек“ – најави Ердоган.
Цевката ќе поминува под Црно Море, од Русија преку Турција, до границата со Грција.
– По реализирањето на проектот, Турција и Европа ќе можат да добиваат толку гас колку што им е потребно. На тој начин Турција ќе стане енергетски сплитер за целиот регион – рече Ердоган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



