| четврток, 6 декември 2018 |

И балкански држави ѝ помагале на ЦИА во примената на методите на мачење затвореници!

cia-2Правната битка меѓу ЦИА и американскиот сенат, која траеше со месеци во врска со објавувањето на тајните документи што укажуваат на страшните методи на мачење на затвореници што ги спроведуваше Централната информативна агенција. По вчерашното објавување на документите, јавноста дозна и дека Америка не била сама во спроведувањето на суровите методи, туку имала помош и поддршка од повеќе земји, меѓу кои и некои од Балканот.

Според сведочењето на некои официјални лица од Сенатот, напорите кои ЦИА ги вложувала овие документи да не се објават биле огромни. Најмногу ги загрижувало тоа што ќе бидат откриени и држави сојузници што им помагале во примената на нивните сурови методи на испрашување.

cia2

Овие земји помагале на два начина: овозможувале префрлување затвореници на своја територија без неопходна бирократска процедура, која е потребна при такви постапки, и со овозможување формирање тајни установи на своја територија, далеку од американските закони, каде што ЦИА може слободно да спроведува тортура.

И кога се било подготвено за откривање на имињата на овие држави, во последен момент тој процес е запрен, а имињата во извештајот биле затемнети.

Во објавениот извештај се гледале само шифрирани имиња на базите. Но, новинарите веднаш почнале да работат на разбивање шифри споредувајќи ги податоците што ги обезбедил Сенатот и претходните извештаи за активностите на ЦИА во странство. Откриено е дека агенцијата водела своевиден бизнис со владите на поедини држави, дебело им плаќала за молчењето и за одбивањето на соработка со амбасадорите, како и на оние органи на власта на САД кои барале информации за дејствувањето на ЦИА.

Меѓутоа, независната истрага спроведена во Европа веќе открила повеќе вмешани држави, што ги довело во многу незгодна ситуација.

Државниот секретар на САД Џон Кери, изразил загриженост по повод потенцијалните одмазди кон државите помагачи. Тој смета дека со откривањето на документите по налог на Сенатот се посрамотени земјите што се пријателски настроени кон САД.

Список на земји вмешани во мачење на затвореници објавен во „Вашингтон пост“:

1. Држави со тајни затвори на ЦИА:

– Авганистан

– Полска

-Литванија

-Романија

-Тајланд

– БиХ  (според официјалните документи објектите на ЦИА во оваа земја служеле само за спроведување затвореници

Држави што јавно дозволиле ЦИА да формира затвори на нивна територија

-Египет

Сирија

-Либија

-Пакистан

-Јордан

-Мароко

-Гамбија

-Сомалија

-Узбекистан

-Етиопија

-Џибути

3. Држави што ги одобриле методите за испрашување  на ЦИА на своја територија

– Авганистан

-Австрија

-Австралија

-Албанија

-Алжир

-Азербејџан

-Белгија

-БиХ

-Канада

-Хрватска

-Кипар

-Чешка

-Данска

-Џибути

-Египет

-Етиопија

-Финска

-Гамбија

-Грузија

-Германија

-Грција

-Хонгконг

-Исланд

-Индонезија

-Иран

-Ирска

-Италија

-Јордан

-Кенија

-Либија

-Литванија

-Малави

-Малезија

-Мауританија

-Мароко

-Пакистан

-Полска

-Португалија

-Романија

-Саудиска Арабија

-Сомалија

-Јужна Африка

-Шпанија

-Шри Ланка

-Шведска

-Сирија

-Тајланд

-Турција

-Обединети Арапски Емирати

-Велика Британија

-Узбекистан

-Јемен

-Зимбабве

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top