
Воспоставување деловни контакти меѓу македонски и турски компании е целта на македонско-турскиот деловен форум што денеска се одржува во Скопје во организација на Стопанската комора на Македонија, во соработка со Унијата на индустријалци и бизнисмени од Досемеалти – (DÖSİАD) на Анталија, Турција.
Регионот на Досемеалти е познат по производство и преработка на руди и мермер, репроматеријали за градежништво, производство на хемиски материјали и текстил, а особено се познати по „досемеалти’ – номадските теписи, производство на хемиски супстанции за базени и за бањи, метална индустријата и др.
Планирано е да се одржат билатерални разговори меѓу компаниите од повеќе стопански сектори, металната индустрија, текстилната (репроматеријали – суровини), производството и преработката на мермер, градежништвото, дизајнот, архитектурата, автоиндустријата, прехранбено-земјоделскиот сектор, транспортот, консалтирањето, медицината, трговијата, туризмот и друго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


