| четврток, 6 декември 2018 |

Сноуден: ЦИА извршувала невидени злосторства

Поранешниот агент на американската Агенција за национална безбедност, Едвард Сноуден изјави денеска дека САД извршиле невидени злосторства, кои детално се опишани во вчера објавениот извештај на Комисијата за разузнавање на американскиот Сенат.

Сноуден се вклучи со видео линк на конференцијата во Париз, организирана од Амнести интернешнл, изјавувајќи дека е „длабоко ожалостен и мошне лут“ поради тоа што го прочитал во извештајот.

– Истрагата на Сенатот и извештајот кој е објавен се исклулитечни од повеќе причини. Се што правевме во рамки на оваа програма е неопростливо злосторство. Видовме лица, кои ги загубиле животите поради третманот, кој го имале со таа програма за тортури, рече Сноуден.

– Доколку САД дозволуваат такви методи и не водат сметка за нив, што тоа може да значи за другите тоталитарни држави во Азија, Африка и другите земји ширум светот, праша Сноуден.

– Тоа се работи кои оставаат дамка на моралниот авторитет на Владата на САД и ако кривични не ги гониме, туку и натаму сметаме на нив, тогаш не можеме да напредуваме како општество, рече Сноуден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top