| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Нема помилување за Сноуден без појавување на суд

Американскиот претседател во заминување Барак Обама изјави дека не може да донесе одлука за помилување на Едвард Сноуден пред тој да се појави на суд.

– Не можам да помилувам некого кој претходно не се појавил на суд и не го изнел својот случај, истакна Обама за германското списание „Шпигел“.

Поради тоа, мали се шансите Сноуден да биде помилуван пред истекот на мандатот на Обама, затоа неговата судбина ќе биде оставена во рацете на администрацијата на Доналд Трамп и директорот на ЦИА, кој побара негова егзекуција.

Според Обама, дури откако Сноуден или неговите адвокати се согласат да го изнесат случајот пред судските институции, тогаш ќе може да се зборува за помилување.

Тој се согласува дека Сноуден го свртел вниманието кон некои проблеми, но сепак смета дека објавувањето тајни податоци не е во согласност со процедурите и праксата на разузнавачките служби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top