| четврток, 6 декември 2018 |

Нова победа на МЗТ Скопје во домашниот шампионат

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја забележаа и шестата победа во домашниот шампионат совладувајќи го Карпош Соколи.

Во последниот меч со кој беше комплетирано 9.коло во Првата македонска лига, шампионот МЗТ Скопје славеше победа над Карпош Соколи со 97-85.

Најефикасен кај аеродромци беше Американецот Дион Диксон со 26 постигнати поени, додека македонскиот репрезентативец Марко Симоновски постигна три помалку (23).

Со оваа победа МЗТ Скопје изби на првото место на табелата со идентичен број на бодови како и градскиот ривал Работнички, па сега двата тима имаат по 14 бодови по осум одиграни средби.

Табела: МЗТ Скопје А. 18 (8 одиграни натпревари), Работнички 14 бодови (8), Куманово 13 (8), Фени Индустри 13 (8), Карпош Соколи 13 (8), Кожув 12 (8), Струмица 11 (8), Гоце Делчев 9 (8) и Водњански Лисици 8 (8)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top