| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје Аеродром домаќин на Мега Лекс

Со натпреварот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Мега Лекс што се игра попалднево во Скопје (почеток 17 часот) ќе стартуваат натпреварите од 20.коло од АБА лигата. Овој натпревар што се игра во СЦ „Јане Сандански“ и е нова можност македонскиот шампион да стигне до нов триумф во ова натпреварување. МЗТ Скопје има пет победи, а нивниот денешен ривал една повеќе.
Покрај овој дуел денеска играат уште: Будуќност – Партизан и Цедевита – Игокеа. Утре на програмата се исто три натпревари: Задар – Крка, ФМП – Цибона и Олимпија – Карпош Соколи, додека последниот дуел се игра во понеделник меѓу Црвена Звезда – Морнар.
Табела: Црвена Звезда 19-0 (победи-порази), Партизан 15-4, Цедевита 13-6, Будуќност 13-6, Цибона 11-8, Олимпија 9-10, Игокеа 9-10, Морнар 7-12, ФМП 7-12, Карпош Соколи 7-12, Мега 6-13, Крка 6-13, Задар 6-13, МЗТ Скопје Аеродорм 5-14.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top