Програма правена на предлог на граѓаните – вака кандидатот за градоначалник на СДСМ за Струмица, Зоран Заев, ја претстави програмата со која оди на избори. Меѓу проектите напомена отворање нови фабрики, 3.000 нови работни места, продолжување на гасификацијата, железничка жичница, детски градинки, средства за невладиниот и културниот сектор.
– Струмица знае каква била, а каква е сега. Немаме намера никого да поразиме, но ќе им докажеме дека не може да бараат поддршка со лаги – рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.