Граѓаните од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер најмногу барале информации за работата на институциите, најчесто факултетите, додека невладините организации барале информации поврзани со јавните набавки, потрошните средства за локална инфраструктура и друго.
Ова го истакна Цветан Станоески од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер при денешната посета на Тетово, каде заедно со средношколци и студенти од Тетово ги посетија вработените во повеќе сектори од администрацијата во општина Тетово. Целта на активностите е учениците и студентите да знаат каде да се обратат доколку имаат потреба од информации од јавен карактер, како и да се запознаат со законската регулатива за оваа област.
Вакви активности претходно се одржале и во Штип, Охрид, Битола и Куманово, а се подржани од мисијата на ОБСЕ во Македонија.
– Со донесувањето на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер во 2006 година и измените од 2010 година имаме голем напредок на полето на слободниот пристап до информации. За тоа сведочи високото 13-то место од вкупно 96 земји што имаат ваков закон на светско ниво. Рангирањето е според повеќе критериуми, а Македонија го зазема ова место бидејќи законот е меѓу најлибералните и најотворените и го користат многу невладните организации и граѓани и имаат придобивки од тоа – изјави Станоески
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.