| четврток, 6 декември 2018 |

Брус Ли од Авганистан

Дваесетгодишниот Авганистанец Абуз Ализада станува еден од најпопуларните ликови на социјалните мрежи низ Азија, а многумина веќе прогласија дека е пронајден вистински наследник на легендарниот Брус Ли.

Страницата на „Фејсбук“ – „Брус Хазара“, на која Авганистанецот ги презентира своите вештини од кик-бокс и џудо, секојдневно добива десетици илјади приврзаници и поддржувачи.

Неговите мајсторства во борачките вештини често се прикажуваат и на телевизиите во повеќе азиски држави.

Приказната за Абуз Ализада деновиве ја објави и тиражниот сингапурски „Стрејт тајмс“, кој предвидува блескава иднина на овој млад човек и во светот на филмот.

Сега се изгледа како бајката да станала реалност, бидејки Ализада е роден во семејство со 10 деца, покажувал извонреден талент уште од најмала возраст, но неговите немале пари да го запишат на курсевите за кик-бокс и за џудо. Талентот го запазил познат тренер Кинез, кој работи во Кабул и почнал да го тренира.

Новиот Брус Ли во разговор со новинарите вели дека е среќен што е повод за убава вест од неговата земја, од која, обично, се јавува за крвави судири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top