Легендарната жолта тренерка со црни линии која ја носеше Брус Ли во филмот „Игра со смртта“ на аукцијата во Хонг Конг беше продадена по цена од 100,590 долари.
Тренерката е направена од полиестер, но за жал е значително собрана поради лошиот начин на перење, а исто така расипан е и патентот уште од снимањето на филмот.
Ана Ли потпретседателката на аукциската куќа „Spink China“ рече дека понудата ја дал некој „интернет купувач од Азија“ кој покрај тренерката купил 6 од 14 предмети кои биле понудени, а за тоа платил вкупно 230 илјади долари.
Сите работи кои биле ставени на аукцијата се продадени, а исто така е продаден и еден пар жолти нунчаки за 70 илјади долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Аукција во УЈП: Се продаваат “Пунто за 70.000 денари, “Мерцедес“ за 107.900 денари, “Астра“ за 120.500 денари…
-
В петок аукција на УЈП: На продажба се солариуми, гарнитури, автомобили, лаптопи, деловен простор…
-
Аукција на УЈП: Се продаваат автомобили и недвижнини по ниски цени
-
Медалите на Џеси Овенс од Минхен, на аукција