Борците против еболата, која оваа година однесе неколку илјади животи, се прогласени за личности на годината на углениот магазин „Тајм“.
Главната и одговорна уредничка Ненси Гибс денеска објави дека за нив личности на годината се мажите и жените кои решиле да спасуваат туѓи животи, воедно ризикувајќи ги своите.
Постоела дилема дали престижното признание ќе го добијат демонстрантите во американскиот град Фергусон или борците против ебола. Наградата се доделува на личност или личности кои најмногу влијаеле на вестите во медиумите во текот на целата година. Но, демонстрантите во Фергусон завршиле на второ место, а на трето место е рускиот претседател Владимир Путин, потоа следува Масуд Барзани, водачот на ирачките Курди.
Личностите кои ја добиле ласкавата титула на „Тајм“ се лекари, медицински сестри, возачи на возила за брза помош и сите оние кои учестувале во спасување живот.
Минатата година папата Франциск го доби ова признание, пред тоа Баррак Обама, а една година пред тоа демонстрантите во таканаречената Арапска пролет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трамп: „Тајм“ ми понуди повторно да бидам личност на годината, ги одбив
-
Анализа на „Тајм“: Сите масовни убијци во САД се мажи
-
Врати се во Муртино за да види живот Македонија
-
Енди Мареј го претрпе најтешкиот пораз: Пред да ја добие наградата за личност на годината, сопругата му призна дека го изневерила (Видео)