Познатите рапери Шон Комбс – Пи Диди и Обри Дрејк Греам пред неколку дена се пресметале пред еден ноќен клуб во Мајами поради една песна.
Имено, песната “0 to 100/The catch up” им била понудена на двајцата, Диди ја земал и потоа одлучил да не ја сними. Тоа го изнервирало младиот канадски рапер, кој ја снимил таа песна самоиницијативно, а за истата добил две номинации за Греми.
Ова било прва средба на 45-годишниот Комбс и 28-годишниот Дрејк по издавањето на песната.
Дрејк го извлекол подебелиот крај и завршил во болница со разместено рамо, бидејќи како што пренесуваат американските медиуми, Диди збеснал и му упатил неколку удари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.