„Најголема далечина помината со туркање автомобил од двајца за време од 24 часа“ е предизвикот на Александар Чекоров и на Александар Смилков кои в сабота во салата на Спортскиот центар „Форца“ ќе се обидат да го урнат сегашниот Гинисов рекорд кој во моментов изнесува 82,4 километри.
Чекоров е речиси 20 години во маратонското и ултрамаратонско трчање, првиот Македонец што има истрчано 100 километри и се уште држи македонски рекорди на 6-дневната (558км) и 10-дневната ултрамаратонска трка (890км). Смилков повеќе години е активен во фитнесот и е маратонец.
Автомобилот ќе се турка на кружна патека во салата. За регуларноста на настанот и запазување на правилата поставени од Гинис ќе се грижи седумчлена комисија од неколку судии од Атлетската федерација на Македонија и истакнати спортски работници и спортисти. Настанот ќе биде документиран со 24-часовно видео, фотографии и записник од страна на судиската комисија.
По планираното соборување на рекордот, сите доказни материјали се праќаат до Гинис каде што во следните неколку недели се верификува постигнатото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.