| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозии имало, но надвор од полициските станици

Иако албанските медиуми низ земјава вчеравечер објавија дека се нападнати полициските станици во Тетово и во Куманово, станува збор само за обид да се создаде паника.

Веднаш по пријавите во СВР Тетово и во СВР Куманово дека синоќа околу 20 часот се слушнале детонации во близина на полициските станици, полициски службеници извршија увид на местото на настанот во присуство на Јавен Обвинител.

Од лице место се подигнати траги кои се испратени на вештачење.

Од извршениот увид е констатирано дека детонациите биле надвор од полициските станици при што не е предизвикана материјалниа штета.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top