| четврток, 6 декември 2018 |

Шуто Оризари: Седуммина од едно семејство заразени со жолтица

zoltica

Седум члена од семејство во Шуто Оризари се заразени со жолтица, а уште во две семејства од истата општина има по шестмина со жолтица. Скопскиот центар за јавно здравје регистриал 10 нови случаи, што значи дека епидемијата на жолтица не стивнува.

Десет лица се хоспитализирани и на Клиниката за инфективни болести.
Од јули досега вкупната бројка достигна 417. Ги има во сите скопски општини, но најмногу се во Шуто Оризари 183 случаи. Во Чаир се регистрирани 60. Најголем број од заразените се деца од 7 до 14 години. Но, според епидемиолозите, училиштата не се извор на зараза. 
Од скопскиот центар за јавно здравје продолжуваат со надзорот. На секои 15 дена прават дезинфекцијата во двете училишта во Шуто Оризари. 
Последната епидемија на жолтица во Скопје била во 2009 кога имало околу 380 случаи. Според епидемиолозите, оваа болест има цикличен карактер и се јавува периодично на неколку години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top