| четврток, 6 декември 2018 |

ОН бараат кривична одговорност за мачителите на ЦИА

cia-2

Специјалниот известувач на ОН за човекови права и борба против тероризмот, Бен Емерсон, оцени денеска дека САД имаат законска обврска да поднесат кривични пријави против личностите споменати во извештајот на американскиот Сенат за тортура која ЦИА ја применувала врз затвореници.

Емерсон наведува дека извештајот на Сенатот открива јасна политика оркестрирана на високо ниво во рамките на администрацијата на Џорџ Буш, и потенцира дека мора да бидат процесуирани официјалните лица кои планирале и одобрувале злосторства.

Поединците одговорни за злосторничко здружување откриени во извештајот мора да бидат изведени пред лицето на правдата и мора да се соочат со казни кои одговараат на тежината на злосторството, наведува Емерсон додавајќи дека вмешаноста на високата политика е причина повеќе за кривично гонење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top