Фабијан Фреј е јунакот на Базел и играч што го расплака „Енфилд Роуд“ откако со гол го елиминира славниот Ливерпул. Одлучувачкиот меч заврши нерешено 1-1, што беше недоволно петкратниот европски првак Ливерпул да оди понатаму. Стивен Џерард постигна прекрасен гол за израмнување, но домаќините немаа сили за комплетен пресврт и ќе играат во Европа Лигата, а Базел продолжува со настапите во ЛШ.
Понатаму оди и Монако по победата од 2-0 во директниот дуел против Зенит, а пласманот во втората фаза го потврдија и Реал Мадрид, Јувентус, Арсенал, Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен.
Резултати: Бенфика – Баер 0-0, Јувентус – Атлетико Мадрид 0-0, Реал – Лудогорец 4-0, Ливерпул – Базел 1-1, Монако – Зенит 2-0, Олимпијакос – Малме 4-2, Борусија – Андерлехт 1-1, Галатасарај – Арсенал 1-4.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



