Американскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека контроверзните методи за сослушување на осомничените за тероризам, кои ги спроведувала Централната разузнавачка агенција (ЦИА), им причиниле огромна штета на американските интереси во светот и не придонеле за напорите во борбата против тероризмот.
Во пишаната изјава по објавувањето на извештајот од Сенатот за контроверзните методи на ЦИА, Обама истакнал дека се надева оти „тие ќе останат во минатото“.
За ова да не биде уште една причина за обновување на старите спорови, се надевам дека денешниот извештај може да ни помогне овие техники да ги оставиме онаму каде што припаѓаат, во минатото, нагласи американскиот претседател.
Тој додаде дека документот на Сенатот ја претставува проблематичната програма на техники за сослушување на осомничените во тајни центри надвор од САД.
Комисијата за разузнавање во американскиот Сенат го објави денеска извештајот во кој се заклучува дека техниките за сослушување на ЦИА, употребени по терористичките напади од 11 септември 2001 година, не биле ефикасни и биле побрутални отколку што досега тврдеше разузнавачката агенција.
ЦИА и голем број високи функционери на американската администрација тврделе во минатото дека програмата била ефикасна и помогнала во откривање на терористички заговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
Тилерсон доби отказ бидејќи Трамп го нарекол „морон“? Трамп го избегна одговорот…(видео)
-
Што следела ЦИА во Југославија по смртта на Тито?
-
Анкара издаде налог за апсење на поранешен агент на ЦИА