
Шалтерите во Центарот за катастар на недвижност во Скопје и катастарите во поголемите градови низ Македонија од денеска ќе работат со продолжено работно време, до 19 часот, информира Агенцијата за катастар на недвижности.
Ваквата одлука е за да им се излезе в пресрет на граѓаните за обезбедување имотен лист, кој им е неопходен за навремено поднесување барање за приватизација на дворните места, чијшто рок истекува на 15 декември.
– Апелираме до граѓаните дека, покрај во катастарот, имотен лист по иста цена од 180 денари може да се добие и кај професионалните корисници на услугите на катастарот, односно кај секој нотар, општина, геодетска компанија, поточно на преку 600 други локации низ Република Македонија – се вели во соопштението од Агенцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


