
САД донираа опрема за АРМ вредна 850 илјади долари која беше презентирана денеска во скопската касарна „Илинден“. На презентацијата присуствуваа министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој заедно со потполковникот на ГШ Горанчо Котевски и Барт Путни, заменик американски амбасадор во Република Македонија присуствуваше на предавањето на опремата, нагласи дека донацијата е насочена кон остварување на плановите за развој поголеми способности на воената полиција во АРМ.
– Оваа донација е дел од широка и сеопфатна соработка во духот на стратегиското партнерство меѓу Република Македонија и САД. Нашата соработка во областа на одбраната со САД вклучува широк спектар на активности од стратешки анализи и проценки, експертска помош, преку школување, обука, помош во воена опрема до заедничко учество во мировни операции – истакна министерот Јолевски.
Заменик-амбасадорот на САД, Барт Путни, рече дека денешната донација е пример и потврда за одличната соработка и координарција меѓу МО и АРМ со Амбасадата на САД во делот на одбраната. Тој посочи дека пет македонски војници инструктури веќе се во САД за да можат подоцна да ги обучуваат припадниците на АРМ како да ја употребуваат оваа опрема.

Според министерот Јолевски, донацијата од 120 милиони американски долари од САД од независноста на Република Македонија досега, даде голем придонес во развојот на АРМ со цел да стане придонесувач кон регионалниот и глобалниот мир и безбедност и додаде дека Република Македонија на својот пат кон интеграција во НАТО и ЕУ, ја презема обврската да развие широк спектар на воени капацитети и способности за придонес мировни операции предводени од НАТО, од ЕУ и од ООН.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Излета возило на АРМ, има повредени
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти
-
Се укинуваат автобуски линии, a војниците сами се снаоѓаат за превоз




