Мирослав Илиќ мораше порано да ја напушти сцената поради влошено здравје, но тоа не е единствената непријатност што e поврзана со концертот на српските пејачи на 29 ноември во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Како што пишуваат српските медиуми, Адил Максуновиќ доживеал непријатно искуство кога пристигнал на скопскиот аеродром.
Пред почетокот на заедничкиот концерт фолк-пејачот задоцнил бидејќи бил задржан од скопската полиција.
Кога пејачот пристигнал на аеродромот, пасошот му бил земен на проверка од страна на службениците, а изгледа им бил сомнителен на полицајците, па затоа го препрашале каде ќе престојува и која му е намерата.
Пејачот бил запрепастен од тоа што му се случило, но на крајот успеал да стигне во салата и да го отпее својот дел од концертот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


