Американската актерка и танчарка Стефани Мозли и нејзиниот сопруг, раперот Ерл Хејс, биле пронајдени застрелани и мртви во нивниот дом во Лос Анџелес, пренесуваат американските медиуми.
Телата на сопружниците биле пронајдени во крв во спалната соба на нивната куќа во понеделникот наутро, кога и се случувала целата драма.
Според очевидците, во 7.30 часот наутро по локално време се слушнале околу 10 истрели и извици на жена. Соседите веднаш повикале помош, но кога полицајцијата пристигнала веќе било тивко.
Вратата на спалната соба била заклучена, и додека полицајците се обидувале да влезат внатре се слушнале уште два куршума. Тогаш тие ја скршиле вратата и ги пронашле телата на сопружниците.
Првичните информации се дека раперот прво ја убил својата жена, а потоа и самиот си го одзел животот. Според извори блиски до двојката, тие биле пред развод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Пешак се обиде да се самоубие (видео)
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија