Триесет и тригодишниот скопјанец Игор Ш., по кого трагаше полицијата за издржување затворска казна за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, вчера беше депортиран од Холандија.
Скопјанецот беше предаден на полицијата на ГП Аеродром „Александар Велики“ – Скопје, а ќе биде пренесен во некојa од државните затворски установи за издржување на казната од три години и шест месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.