| четврток, 6 декември 2018 |

Сорос отворено против лавот и сонцето од Кутлеш- симболите на Македонија

Негирањето и спротивставувањето на решението за македонски грб не е нов процес на соросоидите. Против националните симболи на Македонците- Сонцето од Кутлеш и Лавот- уште во 1993 година отворено се спротистави лично Џорџ Сорос. Наводно, со тоа „ќе се загубеле симпатиите во светската заедница“

Спротивставувањето за црвениот лав на жолт штит како ново решение за грб на Република Македонија не е ново. Додека науката покажува дека тој знак потекнува од истиот извор од кој се земени сите симболи на посткомунистичките држави, центарот на „отпорот“ кон македонските национални симболи, повторно, е кај тие што се со блиски врски со Соросовата фондација. Против лавот за грб лично застана и Џорџ Сорос.

Уште во 1993 година, кога Џорџ Сорос и неговата фондација влегуваат во Македонија, искористувајќи ја економската ситуација во земјата, како и сервилноста на власта на поранешните комунисти, Фондацијата понуди кредит за пополнување на дупката во државната каса, но во замена за отворено мешање во државните одлуки.

vesnikВеднаш по новогодишните празнувања, во 1993 година се најавува Џорџ Сорос како прв странец што се обратил до македонските пратеници.

Во отвореното писмо до пратениците тој посочува дека доколку државата ги употреби, како што вели „Сонцето на Александар“ – како што го нарекува сонцето од Кутлеш, или, пак, лавот за грб на државата, ќе се загубеле симпатиите во светската заедница.

„Разбрав дека има намера шеснаесеткракото сонце на Александар Велики да се усвои за државен грб. Ако донесете такво решение мислам дека ќе ги загубите симпатиите во светот. За жал, другиот предложен симбол, лавот, исто така, има негативни импликации“ (5 јануари 1993, објавено во „Нова Македонија“ на 7 јануари 1993 госина), апелира Сорос до македонските пратеници, во писмо што е објавено во медиумите, но сепак не стигнува до нив.

soros milcinЗа само неколку денови потоа државата се задолжува за 25 милиони долари кај Сорос. Пратениците во опозиција во заемот гледаат политичка заднина.

„Како протест дека се зема краткорочен кредит од заемодавец што нуди неприфатливи ставови за внатрешнополитичкото уредување во Република Македонија спротивно на нејзиниот Устав, на гласањето не присуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ВМРО-ДП. Начинот, иако процедурален, се состоеше во барањето на опозицијата е да ѝ биде презентирано оригиналното писмо од Сорос, како и што е целта на Фондацијата Отворено општество“, се вели во извештајот за дневникот на националната телевизија за седницата во парламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top