| четврток, 6 декември 2018 |

Викторија Бекам ги потресе нејзините обожаватели

00037720

Викторија Бекам успеа сериозно да ги потресе своите обожаватели. Како?

Со празничната декорација во нејзиниот бутик во Лондон. Госпоѓа Бекам покажа дека „Божик пристигна“ и кај нејзината дизајнерска облека. Викторија објави фотографии на социјалната мрежа, кои предизвикаа куп негативни коментари.

1(13)

Причината беше елката на Бекам која е свртена наопаку, виси од таванот и е целосно неукрасена.

„Понекогаш традиционалното е поубаво“ или „многу е глупаво“, се само дел од негативните коментари на обожавателите на модната дизајнерка. Се разбира, има и такви кои ја поддржаа и изјавија дека таа е вистински гениј, како и дека дефинитивно освен во модата, треба да се проба и во дизајнот на ентериер.

victoria-beckham

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top