Модната куќа „Версаче“, во четвртокот објави дека по четврти пат од 1995 -та година наваму ја избрала Мадона за свое рекламно лице. 56 годишната пејачка ќе ја замени Лејди Гага и ќе стане заштитно лицена пролетно- летната кампања за 2015 година.
Фотосесијата, дело на Мерт Аласан и Маркус Пигот, имаат намера да ја фатат решителноста и неминливото влијание на Мадона, напишано е во соопштението за медиумите од модната куќа.
– Мадона е една од најголемите икони на „Версаче“. Мило ми е што наше заштитно лице, повторно ќе биде мојата пријателка и највлијателната дама меѓу современите личности, изјави Донатела Версаче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.