Киев со сите сили се труди да се откаже од рускиот гас. Актуелната украинска власт прави големо политичко салто. И одложување на преговорите и обиди цената да се спушти под пазарната вредност и обвиненија на сметка на Русија дека наводно гасот го користи како притисок. Киев дури има намера да направи алијанса со Словачка, Полска и Унгарија. Сепак, очигледно е дека не сака да види дека без рускиот гас Украина не може.
Киев кога ги наговара Братислава, Варшава и Будимпешта на префрлање на гас, очигледно тоа го прави за единствено за публиката, бидејќи во пракса такво нешто е возможно само кога постои вишок на гориво, кое може и да го нема. Колку е постудено, толку резервите се помали. Постои сопствена формула и за цената: колку помалку степени на улица, толку цената е повисока. И тогаш берзанските цени многу ќе удрат по украинскиот џеб, кој и така е тенок. Сепак, Киев замижува пред тоа. И се поради политичките амбиции, вели директорот на Институтот за национална енергетика Сергеј Правосудов.
– Тоа е само политички став, бидејќи Американците не сакаат украинските власти да имаат какви било односи со Русија. Нивна основна задача е да војуваат со Москва. За тоа ги разместија според должностите. Тие многу активно ќе влегуваат во војна која може да трае многу долго. За жал, не треба да се очекува никакво брз и поволен развој на настаните во Украина. Земјата е во хаос. И од тој хаос уште долго нема да излезе, смета Правосудов.
Реалната слика е таква што без рускиот гас Украина едноставно не може. Тоа и Брисел го сфаќа. Инаку не би имало такви активни посреднички улоги на ЕУ во гасните преговори меѓу Москва и Киев. Па, и самата Европа би сакала да биде посигурна во иднина.
Сега состојбата е таква што ако нема гас, нема ни економија. Меѓу другото, обидите на Украина да го ревидира системот на односите со Русија претрпеа фијаско, истакна претседателот на Институтот за енергетика и финансии Владимир Фејгин. – Тие сакаа да постојат посебни летни и гасни цени. Такво нешто нема. Тие сакаа гасот за Европа да се продава на источната граница на Украина, поточно сакаа да ги променат основните принципи од договорот, вели тој.
Тоа исто така не се случи. Па и не можеше да се случи дури и во некоја идеална варијанта, бидејќи тоа бара ревидирање на системот на односите. Ништо не им успеа. Тоа што цената излезе 385 долари, тоа е пазарна цена блиска на таа по која гасот се продава во Европа. Затоа Европа го постигна своето, бранејќи ја својата енергетска безбедност.
Брисел го натера Киев да се откаже од екстремните предлози. Тогашниот европски комесар за енергетика Гинтер Етингер јасно стави до знаење дека за гасот треба да се плати прелиминарна цена. А сите овие перипетии ќе ги разгледуваат на суд. Тој исто така без заобиколување изјави дека не смее да се прекинува транзитот и не треба да се претвора во палка со која може да се размавнува во секој поволен случај.
Такво право на Киев никој не му даваше и не планира да му дава. Всушност, решавајќи кој е во право, а кој не, ЕУ застана на страната на Русија. Со самото тоа уште еднаш го потврди статусот на Москва како чесен и лојален партнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина