Ќерката на Том Круз, Изабела, почна да работи како фризерка во Англија. Изабела беше посвоена од актерот Том Круз и неговата поранешна сопруга Никол Кидман. Таа завршила курс за фризер, а сега почна да работи во престижен фризерски салон во Лондон. Дваесет и едногодишната фризерка не сака да го следи патот на познатите родители, па затоа се запишала на овој курс, кој чинел 15.000 фунти.
– Таа се труди во својата работа и не се фали кои се нејзините родители. Некои од нејзините колеги дури и не знаат за тоа – издава близок пријател на Изабела.
По разводот меѓу Том Круз и Никол Кидман во 2001 година, девојката побара да остане со својот татко, а покрај него се запали и по скиентологијата. Изабела, која во минатото посетуваше колеџ за уметност во Лондон, целосно се претопи во лондонскиот начин на живот и често излегува по барови и ресторани заедно со колегите-фризери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.