Џорџ Ланселот (61) никако не престанува да упатува пцости кон други луге поради што властите во Велика Британија неколкупати му одредија затворска казна.
Но, при последното судење, по кое повторно заработи затворска казна, судијата се закани дека ако не престане со пцуењето, може да се сооочи со доживотен затвор.
Ланселот има добиено 176 пријави за нарушување на јавниот ред и мир, а неговиот адвокат вели дека пцуењето е дел од неговата нарушена личност.
На последното судење доби 20 месеци затвор поради асоцијално однесување и пиење алкохол на јавни места.
– Му беше речено дека не може да му помогне ниту една психијатриска терапија. Ако не може сам да се избори со ова, би можел целиот живот да го помине во затвор – му порача судијата на Ланселот.
Ланселот во затвор мина осум од последните десет години. Последното апсење се случил само неколку часа откако бил пуштен од затвор. Тој бил пијан и пцуел и им се заканувал на полицијците и на минувачите на улица.
Неговиот адвокат тврди дека тој е ментално болен и се согласува дека ситуацијата изгледа безнадежно.
– Ако оди во затвор, ќе биде пуштен, а потоа пак ќе биде по старо. Му се заканува доживотна казна, но јас не знам што да предложам – вели адвокатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.