Овие навреди претставуваат само некои од најбизарни пцости на светот. На крајот погледнете го и видеото како звучи кога македонски иселеник пцуе на комбиниран македонско – англиски јазик.
Шпанија: Толку си грд што и кромидот плаче к поради тебе!
Германија: Толку си грд што мора да имаш секс во темница – на што следи одговор – јас барем имам секс за разлика од оној кој ме навредува.
Ирска: Глупав си и бескорисен како ѓубре.
Франција: Зборуваш француски како шпанска крава (Французите на овој начин ги навредуваат оние кои доаѓаат во нивната земја и се обидуваат да зборуваат француски јазик).
Кина: Имаш глава како змија,а очи како стаорец – оваа навреда значи дека некој е итар и препреден.
Унгарија: Напија се во задникот на жаба – ова е типична навреда за некој кој ве нервира и кој сакате да го игнорирате .
Србија: Да даде господ жена ти да ти роди стоногалка, па цел живот да работиш за чевли.
Англија: Имаш лице како вреќа за клучеви .
Шкотска: Глаикит – ова е шкотски сленг со значење: Глупав си.
Бугарија: Грд си како салата.
Ерменија: Не е пристојно да се гледа магаре како јаде калинка – ова обично им се зборува на луѓето кои се несмасни.
Австралија: Орангутан низаеден – типична навреда за црвенокосите луѓе во Австралија.
Шведска: Оди сокриј се под некој стар предмет – се користи кога на некој сакате да му порачате дека е глупав и не сакате да го гледате.
Малезија:Застани зад шефот и држи му ги тестисите – обично се користи како навреда за подлизурковци.
Русија: Можеш да наостриш секира од негова глава – вака Русите ја „честата“ личноста која тера инает.
Кина: 250 – Кинезите вака на некој му порачуваат дека е глуп, односно има четвртина мозок (250 од 1000) повикувајќи се на древната кинеска валута.
Финска: Твојата мајка се дружи со ирвасите
Како шеќер на крајот погледнете како пцуе иселеник од Македонија кога нешто не оди по планот. Потоа во афект следи пцовка искомбинирана на македонски и англиски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)