Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, ги обвини САД за обид за соборување на претседателот Владимир Путин преку наметнување санкции против Москва заради Украина. Зад формално декларираната цел да нѐ натераат да го смениме ставот во врска со украинската криза, при тоа без да се крие, задачата е да се стават социоекономските услови како смена на власта во Русија, рече тој, цитиран од ТАСС. Своевремено рускиот дипломат посочи дека Москва е подготвена да бара во односите со Вашингтон баланс на интересите, каде тоа е можно. Според Рјабков, Русија не сака конфронтација и нова Студена војна, но истовремено нема да прави отстапки по принципиелните прашања.
Според него, САД, сепак, сфаќаат дека голем број остри меѓународни проблеми и предизвици не можат да бидат решени без учество на Русија и затоа од американска страна на различни нивоа сѐ почесто се слушаат повици за формирање позитивен дневен ред во билатералните односи.
Рјабков додаде дека Русија не го признава легитимитетот на санкциите против неа и затоа нема да учествува во преговори за нивното укинување, иако нема и такви предлози.
На крајот од минатиот месец ЕУ додаде 13 физички и 5 правни лица, претежно учесници во организирањето на сепаратистичките избори во Донбас кон листата со санкции поради Украина.
Русија ќе вложи максимални напори за контактната група за Украина да заседава оваа недела во Минск, изјави за новинарите Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател.
– Потврдивме дека сме подготвени (за средба на Контакт групата за Украина) и ги вложуваме сите напори средбата на контакт-групата во Минск да се состане оваа недела – рече претставникот на Кремљ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.